Четиринаесет лица возеле без дозвола, шестмина биле пијани…

На територија на град Скопје изречени се вкупно 182 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, соопшти денеска полицијата за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и шест мерки за управување возило под дејство на алкохол и 14 мерки за возење без возачка дозвола.

-Изречени се шест санкции за користење на мобилен телефон при возење, шест мерки за вградени неатестирани – затемнети стакла, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила…., се наведува во информацијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.

Претходна вестПронајдени се двете девојчиња од Струмица кои се загубија во Скопје
Следна вестНајди ги Кале, Камениот мост, Старата чаршија… на скопските туристички билборди