Четиринаесет општини добија нови противпожарни возила

Извршено е примопредавање на противпожарни возила и опрема за 14 општини во рамки на настанот под слоганот „Цивилната заштита помеѓу институциите и граѓаните”, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување. Церемонијата се одржа денеска на паркингот во спротскиот центар „Борис Трајковски” – Скопје каде граѓаните можеа одблиску да се запознаат со опремата за заштита и спасување на ДЗС и опремата на другите учесници на настанот.

Премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на настанот истакна дека вонредните ситуации, непогоди и несреќи не научија дека треба да создадеме заеднички и комплексен систем на сите институции.

-Денес им предаваме нови противпожарни возила на 14-те општини во Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Кичево, Охрид, Кочани, Штип и Гостивар. На овој начин овозможуваме сериозно подобрување и комплетирање на техничката опрема, рече Ковачевски.

Тој објасни дека протипожарните возила се набавени преку ДЗС за 42,5 милиони денари.

Фото: Архива

Претходна вестЕкс-градоначалничката на Арачиново Миликија Халими стана инспекторка во Царина
Следна вестКовачевски повика фирмите што ги нуди Мицкоски да ги достават понудите, од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека директорот на ЕСМ е „ризичен“