Четири лица искасани од кучиња скитници

Во текот на вчерашниот ден пријавени четири случаи на каснување од куче.

На 16.11.2022 во 18.15 часот во Полициската станица Центар, З.А.(53) од Скопје пријавила дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ била касната од куче скитник.

На 16.11.2022 во 00.35 часот во Полициската станица Аеродром, Д.А.(18) од Скопје пријавил дека во трговски центар на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.

На 16.11.2022 во 17.30 часот во СВР Тетово, Е.Д.(68) од Гостивар пријавил дека во Шеста станбена зона во Гостивар бил каснат од куче скитник.

На 16.11.2022 во ОВР Кичево, Л.Ц.(44) од кичевското село Долно Строгомиште пријавил дека на улицата „Маршал Тито“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Афера „Паразити“, Кире Наумов со плата од 2.500 евра, Славко Пројковски со над 6.000 евра…
Следна вестСкопјанец изработил и употребувал лажна платежна картичка