Home АКТУЕЛНО Четворица српски полицајци во август ќе патролираат по Охрид

Четворица српски полицајци во август ќе патролираат по Охрид

0
Четворица српски полицајци во август ќе патролираат по Охрид

Во текот на август неколку припадници на српската полиција ќе патролираат по македонското летувалиште Охрид како резултат на соработката на македонското и на српското МВР. Ова по денешната средба во Белград го соопштија министрите Ивица Дачиќ и Панче Тошковски.

-Се договоривме од август да ја почнеме со практика каква што досега не сме имале, таму каде што има многу српски туристи да се присутни српски полицајци. Тие четворица ќе бидат во Охрид бидејќи е летна сезона. Ваква соработка веќе имаме со Хрватска и со Црна Гора, изјави Дачиќ пред новинарите.

Тошковски изрази задоволство од договорот за кој јавноста ќе биде соодветно информирана.

Дачиќ додаде дека разговарале и за соработка во борбата против криминалот – трговијата со луѓе, наркотици, оружје, како и илегалната миграција. Српскиот министер наведе и дека е договорено да се активира работна група која ќе се занимава со процедурите на граничните премини со цел нивно поедноставување, кога станува збор за патничкиот сообраќај.

-Многу е добро што воспоставивме линија на комуникација кога станува збор за вонредни ситуации, додал Дачиќ.