Четворицата малолетници се во свесна и стабилна состојба

116

Во свесна состојба се сите четворица малолетници кои вчера со тешка здравствена слика беа примени на Клиниката за токсикологија.

Директорот на Клиниката, Андон Чибишев утрово за Курир потврди дека децата се со стабилни витални параметри.

-Кај сите е докажано присуство на психоактивни супстанци. Не е докажано присуство на алкохол и немаат посериозни повреди, вели Чибишев.

Тие остануваат на Клиниката за токсикологија каде ќе продолжи нивното лекување и надзор.

Продолжува и истрагата за расчистување на целиот случај со малолетниците кои вчера во безсознание беа пронајдени во куќа во Скопје, а по пријава за нарушен јавен ред и мир.

Претходна вестВчера над 130 сообраќајни санкции изречени во Скопје
Следна вестУЈП: Регистрирајте го готовинскиот промет преку фискален систем на опрема