Четвртфинални двојки во ЛШ: Елмас и Наполи против Милан, супердерби Сити против Баерн

Елјиф Елмас и неговиот Наполи во италијанското дерби ќе играат против Милан во четвртфиналниот меч од Лигата на шампионите. Ова е резултат на денешната ждрепка одржана во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.

Манчестер сити – Баерн Минхен е супер натпреварот од четвртфиналната фаза, а последните два шампиона Реал Мадрид и Челси ќе се сретнат во оваа фаза од натпреварувањето, додека Интер повторно извлече португалски тим, па по Порто ќе игра со Бенфика.

Победникот од четвртфиналето меѓу Милан и Наполи во полуфиналето ќе игра со подобриот од Интер и Бенфика, додека второто полуфинале ќе го сочинуваат победниците од мечевите меѓу Реал/Челси и Сити/Баерн Минхен.

Првите четвртфинални натпревари ќе се одиграат на 11. и 12. април, додека реваншите се закажани за 18. и 19. април. Полуфиналните мечеви се закажани за 9. и 10. мај, односно 16. и 17. мај.

 

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/4 ФИНАЛЕ:

РЕАЛ МАДРИД  – ЧЕЛСИ

ИНТЕР  – БЕНФИКА

МАНЧЕСТЕР СИТИ  – БАЕРН МИНХЕН

МИЛАН – НАПОЛИ

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/2 ФИНАЛЕ:

МИЛАН/НАПОЛИ – ИНТЕР/БЕНФИКА

РЕАЛ МАДРИД/ЧЕЛСИ – МАНЧЕСТЕР СИТИ/БАЕРН МИНХЕН

Претходна вестВелешанка револтирана на „Градски паркинг“: Со инвалидно возило платила казна иако била паркирана на место за инвалиди
Следна вестМожеше помирувањето во Македонија да тргне со амнестија за „27 април“, ама…