Човечки труп пронајден по течението на Треска во кичевско, полицијата не открива детали

Пронајден е мртов човек во селото Вранештица, кичевско, покрај реката Треска, соопштува охридската полиција. Телото е најдено вчера околу 14 часот кај месноста позната како „Капалиште”, но повеќе детали околу идентитетот не се откриваат, како ни тоа дали се работи за маж или жена.