Човек краде од засадените цвеќиња со кои е испишано името на градот Тетово

Општина Тетово на профилот на социјалната мрежа Фејсбук објави видео на кое се гледа како човек краде од засадените цвеќиња со кои е испишано името на градот. Во информацијата од Кацеларијата за комуникации и односи со јавноста велат дека случајот го пријавиле во полиција.

-Изминативе денови се забележани неодговорни лица како оштетуваат јавен имот на улиците на градот Тетово. Конкретно, за време на викендот на главната сообраќајница на излезот од градот кон Скопје, едно лице го украло цвеќето кое беше засадено во овој дел, расипувајќи ја глетката на влезот од градот. Општина Тетово апелира до сите граѓани да се грижат за јавниот имот и да го чуваат, бидејќи тој е на граѓаните, соопштија од Општина Тетово.

Воедно во информацијата потенцираат дека сите лица кои ќе оштетат јавен имот Општина Тетово ќе ги пријави како предмет до Секторот за внатрешни работи и против нив ќе бидат преземени мерки.

Претходна вестДетето убиец постојано прашува дали е славен и кога ќе си оди дома
Следна вестГрчката полиција идентификува петмина осомничени за упад на изложбата на Сергеј Андреевски во Солун