„Човекот гулаб“ на Константин Плевнеш на Интернационалниот фестивал за краток филм во Турција

Осумминутниот филм на Константин Плевнеш пред два дена беше прикажан на официјалната селекција на Интренационалниот фестивал на краток филм во Турција, „Anatolian Short Film Festival“.

Во филмот се зборува за потресната приказна на анонимниот херој Владимир Степановиќ, за крвавата драма на распаѓањето на бивша Југославија, низ приказната на неговото семејство.

„Човекот гулаб“ досега е селектиран на дваесеттина филмски фестивали во САД и Европа. Минатиот декември беше презентиран како претставник на европскиот истражувачки филм на фестивалот Doku Afrika, во Банги Централноафриканската Република.

Претходна вестСкопјани: А да правиме избори секоја година, белки почесто ќе ги чистите шахтите?
Следна вестОблачно и дождливо, на планините снег