Трансплантацијата на бели дробови од жив донор е првата успешна трансплатација на бели дробови од овој тип во Италија и е извршена на 17 јануари во болницата „Папата Јован XXIII“ во Бергамо.
Родителите на малиот Марио не чекале ниту еден момент и биле подготвени да сторат се што е потребно за да го спасат животот на нивниот син. Трансплантацијата е изведена во две соседни хируршки сали каде два хируршки тимови работеле паралелно.
Благодарение на неговиот татко, малото момче ја напуштило болницата еден месец по интервенцијата и сега е во добра здравствена состојба.
Донаторот на белите дробови и татко на детето е Андуел, 34-годишен Албанец кој живее и работи во Италија, а вистинското име на петгодишното момче не се открива туку е наречен „Марио“, според неговиот омилен супер херој од видео играта „Super Mario Bros“.
Сопругата на Андуел, Орнела во летото 2018 година се преселила во Италија заедно со своето едногодишно дете. Неколку месеци по нивното пристигнување, им се придружил и таткото, откако ја напуштил работата како градежен инженер во Албанија.
Година дена по нивното пристигнување во Италија, родителите на Марио го однеле својот син во болницата во Фиренца поради знаци на некаква болест. По направените тестови, се дијагностицирала таласемија или медитеранска анемија, што е аномалија на крвта. Во летото 2021 година, била потребна трансплантација на коскена срцевина. И покрај успехот на трансплантацијата, токму оваа донација на коскена срцевина од таткото, со последователен „трансфер“ на имунолошкиот систем од родителот на детето, ја генерира таканаречената „болест на графт наспроти домаќин“ (GvHD), сериозна компликација забележана кај пациентите подложени на трансплантација. Станува збор за сложена имунолошка реакција, каде што трансплантираните клетки од донаторот ги „напаѓаат“ органите и ткивата на примателот, кои новиот имунолошки систем не успева да ги препознае како свои. Оваа болест која ги оштетува белите дробови до тој степен што примателот целосно ја губи способноста за самостојно дишење.
За малиот Марио немало надеж за преживување, освен што преостанувало да се направи трансплантација и на бели дробови. Во есента 2022 година, специјалистите од болницата Мејер во Фиренца ја контактирале болницата „Папа Јован XXIII“ од Бергамо за проценка евентуално да се стави детето на списокот за трансплантација на бели дробови.