Министерството за надворешни работи на Црна Гора преку објава на социјална мрежа Х и се заблагодари на Македонија што им дозволи на граѓаните од Црна Гора да бидат на нивниот хуманитарен лет. Благодарност искажаа и до амбасадите на Црна Гора во Скопје и во Подгорица и Тел Авив за нивната посветеност во реализација на евакуацијата.
-Сојузници, партнери и пријатели, завршува текстот на социјалните мрежи на Министерството за надворешни работи на Црна Гора.
Во текот на вчерашниот ден со чартер лет организиран и платен од страна на македонската Влада, на релација Тел Авив – Скопје, успешно беа евакуирани сите државјани на Македонија кои побарале помош да го напуштат Израел, и да се вратат во земјата. Сите финансиски трошоци за превезувањето на евакуираните граѓани се покриени со резерви на Буџетот, согласно одлуката донесена на седница на Владата.
Чартер летот беше организиран на иницијатива на Владата и по напорите на премиерот Димитар Ковачевски во директен контакт со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ да се најде решение за предизвикот за обезбедување чартер лет за граѓаните од регионот. Со авионот, освен преостанатите 67 македонски државјани, Владата излезе во пресрет и обезбеди трансфер и на седум албански, седум црногорски и тројца бугарски државјани.