Фудбалерите на Реал Мадрид го доживеаја првиот пораз оваа сезона на „Сантијаго Бернабеу“ во рамки на Ла Лига.
Во натпревар од 15. коло на шпанското првенство, Селта приреди големо изненадување и по повеќе од 19 години оствари првенствена победа на легендарниот стадион во Мадрид, совладувајќи го „Кралскиот клуб“ со 2:0.
Иако Реал Мадрид доминираше, напаѓаше и создаде неколку зрели шанси во првото полувреме, реализацијата изостана. Казната следуваше во продолжението од средбата.
Селта поведе во 53. минута преку 21-годишниот Вилиот Сведберг, кој постигна спектакуларен гол и го отвори својот голгетерски учинок сезонава.
Само 11 минути подоцна, Реал остана со играч помалку поради директниот црвен картон на Фран Гарсија. И покрај тоа, избраниците на Чаби Алонсо продолжија со офанзивна игра, но без посакуван резултат.
Во втората минута од судиското продолжение, домаќините останаа и без Алваро Касерес, кој доби два брзи жолти картони, а Селта тоа веднаш го искористи. Повторно стрелаше Сведберг, на асистенција на Јаго Аспас, кој го одигра својот 400. натпревар во дресот на тимот од Виго во шпанското првенство, за конечни 2:0.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



