ЦУК: 21 пожар на отворено, од нив активни утрово се 7

37

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 346 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 56,91%, а 43,09% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 60,43%, кон Итната медицинска помош 27,73%, кон пожарникарите 8,29%, а кон АМСМ 0,24% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 1 025 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (3,32%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (43,09%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

ЦУК информира дека имаше 21 пожар на отворено во последното деноноќие и од нив активни утрово се водат седум пожари (7).

Активните седум пожари (7) се во општините: Неготино, во атарот на с.Калањево (каде што гори ниска вегетација и шума); Ново Село, над с.Бадилен, кај месноста „Шамок“ (борова шума); Гевгелија, помеѓу селата Негорци и Кованец (мешовита шума); Конче, кај селата Горни и Долни Липовиќ (ниско стеблеста шума –Бор); Чашка, кај селата Дреново и Долно Јаболчиште (мешовита шума); Долнени, над с.Црнилиште (нискостеблеста вегетација) и во Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепли (каде што гори ниска вегетација и грмушки).

Изгаснатите 14 пожари на отворено беа во општините: Петровец, с.Петровец; Гази Баба, Парк шума Гази Баба; Струмица, селата Добрејци и Пиперово; Валандово, месност „Двете реки“; Охрид, с.Велгошти; Струга, с.Корошишта (стрниште); Центар Жупа, с.Житинени; Кичево, 4 интервенции, Спортска сала-Кичево, с.Колибари Вигор Деленци и Трапчин Дол; Виница, на планината Плачковица (букова шума) и во Општина Тетово, 2 интервенции с.Непроштено и с.Буговиње (ниска вегетација), а и Драгоево и Селце, месност „Хаџи Реџепли“ (каде што гори ниска вегетација и грмушки).

Од рано утрово веќе се дејствува по активните пожари и со неколку воздухоплови, како засилување на силите коишто гаснат од земја.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Претходна вестНа Табановце се чека 30 минути, а на Богородица 15 минути
Следна вестМлада девојка тешко повредена во сообраќајна незгода на автопатот Куманово – Велес