Темно Режим Светло Режим

ЦУК: Пожарот кај Никуштак активен, во гаснењето вклучени два „ер трактора“

Центарот за управување со кризи информира дека пожарот во атарот на селото Никуштак во општина Липково сеуште е активен и се шири кон Орланци, Скопска Црна Гора, како и кон селото Матејче и манастирот Пресвета Богородица.

Покрај екипи од подружницата на „Национални шуми“ од Куманово, во гаснењето од 10 часот се вклучени и два „ер трактора“ на Дирекцијата за заштита и спасување.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Десетици загинати во големи нереди во Непал, има големи протести откако Владата ги забрани социјалните мрежи

Следниот Пост

Парламентот убедливо изгласа недоверба на Владата во Франција