ЦУК: Пожарот на Кожуф ставен под контрола, 22 изгаснати изминатото деноноќие

14

Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава се евидентирани 23 пожари на отворен простор. Еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.

Приземниот пожар на Кожуф планина е ставен под контрола.

Изгаснатите пожари биле на територија на општините Илинден, Гази Баба, Струга, Тетово, Кривогаштани, Прилеп, Куманово, Зелениково, Македонски Брод. Од останатите, четири биле на територија на општина Гостивар, Кичево – три, а по два во Долнени, Липково и Старо Нагоричане.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестНеколку делови од Скопје денес ќе бидат без струја
Следна вестФилипче: 17.000 помалку вработени, студентите бегаат во странство, младите не гледаат перспектива во Македонија