ЦУК: Пожарот во Василево се гасеше 13 часа

40

Вчера имаше девет пожари на отворено, сите се изгаснати од пожарникарите и активни нема, утрово, соопшти Центарот за управување со крзи. Пожарите на отворено беа во општините: Бутел, ул „Александар Урдаревски“ (ѓубре); Гази Баба, покрај ул.„Зендел Џемаили“ (ѓубре); помеѓу општините Бутел и Шуто Оризари, покрај ул. 2 Визбегово (ѓубре); Прилеп, кај с.Ерековци и во атарото на с.Канатларц (ниска вегетација и стрниште); Струмица, кај с.Дабиле (депонија, ниска вегетација и стрниште); Василево, покрај регионалниот пат Струмица – Радовиш (ниска вегетација) и во Општина Чешиново – Облешево,кај с.Жиганци (ниска вегетација).

-Пожарот на отворен простор на запалена ниска вегетација покрај регионален пат Струмица – Радовиш во близина на село Василево, во Општина Василево, беше гаснет речиси во текот на целиот ден, од 09.44 до околу 23.00 часот, со 7 пожарникари, 1 ПП возило и 1 теренско возило. Пред неговото целосно гаснење, околу 22.00 беше сопрен сообраќајот во двата правца на дел од регионалниот пат и имаше пренасочување на сообраќајот на таа делница по стариот паралелен пат, соопшти ЦУК.

Фото: Архива

 

Претходна вестНови именувања: Живковски директор на Агенцијата за катастар на недвижности, Честоева на чело на Управата за заштита на културното наследство…
Следна вестВо МКЦ ќе се одржи Саем на универзитети, учествуваат повеќе од 20 факултети