Да почекаме: Бочварски му даде „датум“ на новиот пат до Охрид

Новиот пат Кичево – Охрид веќе е легендарен. Почна да се гради во 2014 година и до сега неколку пати беше ветувано од министрите дека ќе биде „наскоро“ готов. Арно ама…

Сегашното ветување на министерот Благој Бочварски е дека ќе биде готов на крајот на 2023 година. Министерот при настап на „ТВ21“ вели дека не сака многу да дискутира за тоа што го заглавило овој автопат, бидејќи откако е во Министерството работи на овој проблем.

-Ги одобривме сите проекти за инфраструктура кои што дополнително беа репроектирани. Тоа беа преку 70 проекти. Тоа е гломазна координација, вели Бочварски.

Министерот даде и уште еден „датум“, во наредните пет години очекувал да биде завршен не само автопатот Скопје – Охрид, туку целиот Коридор 8.

-Во наредните пет години, почнувајќи од 2023 година, доколку влезе компанијата да работи на терен, целиот Коридор 8 од Скопје, не до Охрид туку до границата со Албанија ќе имаме нови модерни делници, објасни Бочварски.

Не се многу 5 години, Македонија ќе почека, навикната е на ветени датуми…

Претходна вестПовреден пешак, дипломатско возило учествуваше во сообраќајка на паркинг
Следна вестЕВН го санира испадот на 100-киловолтен далекувод кој утринава го остави половина Скопје без струја