Да почекаме, ќе има петиција…

Од официјална Бугарија деновиве ни стигна тежок ферман во облик на декларација околу ЕУ интеграциите на Македонија. Преполна е со условувања и диктати па дури и такво дека никаде на ниво на ЕУ да не се споменува македонскиот јазик.
Но од Бугарија стигна и петиција на тамошни видни интелектуалци кои се против декларацијата. Тие сметаат дека Софија промовира потценувачки однос.

Значи, на акцијата следувала и реакција. Така е во Бугарија.

Сега само се чека реакцијата и од македонските интелектуалци поседнати во МАНУ, Ректоратот, Друштвото на писатели, експертите кои секој ден ни се по телевизиите… па кога тие ќе седнат да напишат петиција… има да читаме и да се гордееме…

Не е можно бугарските интелектуалци да се порешителни, понезависни и поправдољубиви од македонските.
Само треба да почекаме…