Да сум градоначалник на Кисела Вода ќе направам поликлиника, канализација…

Благородна Серафимоска, која живее во населбата Пинтија, ни одговара на прашањето: кои три работи би ги направила таа ако е градоначалничка на општина Кисела Вода. 

1. Средување во Пинтија и во Усје

На оваа населба ургентно и е потребна канализација. Голем дел од домаќинствата се уште имаат септички јами кои испуштаат фекалии надвор по каналите. Сето тоа созадава лоша миризба која е неподнослива за граѓаните. Во близина се и градинката и школото. Освен овам граѓаните плаќаат и по 2.000 денари месечно за чистење на септичките јами што е многу скапо.

Јас тоа би го средила со изградба на канализацијата која е најпотребна во овие две населби. Тоа е голем проект но кој мора еднаш да се заврши за да граѓаните добијат пристојни услови за живеење.

2. Здравствени објекти

На подрачјето на општината недостасуваат здравствени објекти. Добро е познато дека во општината недостасува поликлиника и дека сме принудени до одиме во Драчево или во Аеродром за лекарска помошна специјалисти. Поликлиниката ни ја ветуваат на секои избори но никако да се направи. Освен неа потребни се и повеќе други ординации. Јас на ова посебно би се ангажирала со цел да се направи што поскоро.

3. Подобро снабдување

Во општина Кисела Вода, посебно во малите населби, недостасуваат маркети, продавници за основни прехрамбени и други продукти. Од таа причина, граѓаните се принудени и за најмали набавки да одат во централните делови на општината. Тоа чини и време и пари. Јас би нашла начин да стимулриам отворање на вакви меркети по разни населби се со цел на граѓаните да им се намалат ваквите проблеми.

Претходна вест17 лица возеле пијани во Центар
Следна вестДа сум градоначалник на Скопје ќе го исчистам градот, за тоа не треба многу пари