Да сум градоначалник на Скопје, веднаш ќе направам шахтите на улиците да не бидат како дупки

Филип Филески, административен работник, одговара на прашањето на „Скопско Ехо“ кои три работи прво би ги направиле ако сте градоначалник на општина Чаир: Својот ангажман би го насочил првенствено кон решавање на секојдневните проблеми кои граѓаните ги имаат по фрекветните скопски сообраќајници.

  1. Без кратери на улици

Возењето по улиците во градот е опасно и заради мно­губројните шахти кои не се на ниво на коловозот. На секои 20-30 метри тркалата пропаѓаат во дупките создадени од шахтите кои не се направени како што треба или, пак, не се одржуваат како што треба. Нема една шахта што не е како кратер. Ако се обидете да ги заобиколите, пак, создавате ризична ситуација и опасност од судар. Тие опасни места мора да се санираат и јас тоа при­оритетно би го направил. На тој начин одвивањето на сообраќајот во градот  би било многу полесно и посигурно.

  1. Без питачи на крстосници

Речиси да нема поголема крстосница во градот на ко­ја нема многубројни питачи. Најчесто тоа се групи на сосема мали деца, на мајки со бебиња… Тоа освен што е гр­да слика која предизвикува непријатност кај возачите, соз­дава и опасност некој кола да не ги удри. Би се заложил тие лица да се тргнат од крстосниците. Полицијата да реагира, а не како сега да поминува покрај нив. Социјалните служби треба да најдат начин како да се згрижат.

  1. Лек за лежечките полицајци

Не е во ред што по градските сообраќајници се дви­жат запрежни коли, трицикли за собирање пластични ши­ши­ња, колички за сечење дрва… Сето тоа е нерегистрирано и претставува пречка во сообраќајот. Полицијата и тука не реагира. Јас тука би вовел ред оти не може вака. Би ги сменил и лежечките полицајци на улиците. Овие што се стават не се најдобри. Возачите на секои шест месеци треба да ги менуваат амортизерите.