Дали 10 километри пат треба да се прави 10 години? За Блаце и Петровец прашуваме

Рекордери во споро градење, а брзо ветување

Сум поминал по патот Блаце – Скопје летово, срамота е цела Албанија и Косово имаат супер автопати, а кога влегов кај нас на Блаце… мизерија. А се работи за само 10-на километри автопат, вели скопјанецот Ѓорѓи Најдовски

 Бавно возење, внимавање да не се оштети возилото во некоја дупка, да не се закачи некоја сообраќајна сигнализација, колони возила… и натаму се реалност за возачите кои патот ги носи кон граничниот премин Балаце или кон Катланово и Петровец. Години поминуваат ама овие делници никако да бидат направени и реконструирани како модерни автопатишта. Работите се започнаа со многу пропагандни фанфари, но никако да добијат на интензитет. Интензитето е зголемен само во ветувањата дека се брзо ќер се заврши.

За изградбата на автопатот од Скопје до граничниот премин Блаце кон Косово се зборува и ветува веќе цели десетина години. Последното изборно ветување беше во 2017 година од СДСМ во чија изборна програма и беше. Но, се до 2020-та година ништо не се направи. Работите почнаа дури во мај минатата година непосредно пред парламентарните избори. Но и тогаш се почна со градба на само 2-километарска делница од граничниот премин па до селото Блаце. Најавата беше дека таа ќе биде завршена за 18 месеци. Сепак, крајот на градбата се уште не се гледа. А за градба остануваат уште 10,5 километри од селото Блаце па до клучката Стенковец. Бил изработен идеен проект кој требало да се одобри. А кога же почне да се прави?

-Сум поминал Блаце – Скопје летово, срамота е цела Албанија и Косово имаат супер автопати, а кога влегов кај нас на Блаце… мизерија. А се работи за само 10-на километри автопат. Слично е и со автопатот Табановце-Богородица кој е клучен за Македонија. Срамота е што нон – стоп се реконструира и нема непречен проток. А на него плус се наплаќаат патарини, ни вели скопјанецот Ѓорѓи Најдовски.

Забелешката на овој граѓанин посебно се однесува на автопатската делница од Катланово до Петровец. Раскопана делница, стеснета сообраќајница, поставени знаци, градежни машини се и натаму секојдневние на оваа делница. А сите работи требаше да бидат завршени веќе во септември годинава. Така, барем, во септември минатата година беше најавен почеток на градежните работи на реконструкцијата на оваа автопатската делница. Но, и таму речиси одвај да се работи нешто. А рехабилитацијата со проширување опфаќа 5, 1 километар од десниот и 4,7 километри од левиот коловоз на кој ќе се додаде уште една коловозна лента но тоа никако да се заврши.

-Не е само тој автопат проблем, проблем е и што не се завршува од Кичево до Охрид и други не ги бројам. Има и многу други патишта што се започнати и така оставени. Разочаран сум како граѓанин оти ги плаќаме давачките за патиштата. На крај немаме ништо и во другите држави живеат во 21 век на ние во 18-ти, ни вели Селим Фета.

Сето ова доцнење, меѓутоа, не е причина надлежните функционери често да се сликаат при посетите на овие градилишта. Се сликаат, дават изјави дека работите ќе се завршат најбрзо што може…

На крај излегува дека малку можат.

 Делницата од 65,5 километри Косово ја направи за пет години

Од другата страна на границата, пак, автопатот „Арбен Џафери“ долг 65,5 километри, што ги поврзува Косово и Македонија, е изграден и пуштен во употреба уште пред две години – во мај 2019 г.  Косово успеа за помалку од пет години да го изгради целиот автопат од Приштина до косовско – македонската граница.

Претходна вестОблачно и топло со температура до 24 степени
Следна вестЛекарите алармираат: Мерките се слаби, двојно ќе расте бројот на новозаразени