Украинскиот претседател Володимир Зеленски по новата рунда разговори меѓу САД, Русија и Украина во Абу Даби, изјави дека тие треба да доведат до траен мир и да не и даваат на Русија нова можност да ја продолжи својата војна.
„Во моментов, народот на Украина треба да почувствува дека ситуацијата навистина се приближува кон мир и крај на војната, а не кон ситуација во која Русија користи сè во своја корист и продолжува со напади”, рече Зеленски.
Тој, oчекува да има и нова размена на затвореници по почетокот на новата рунда разговори во Абу Даби.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: