Хронично болните не се откажуваат од намерата да се изборат да бидат ослободени од работа во време на ковид хаосот. Писма и образложенија, медиумски настапи, но до овој момент се што направија не вроди плод. Владата, односно министерството за здравство им порачаа, метафорички кажано – со лесно да им оди живеењето и да внимаваат на себе.
Иако пораката од надлежните дел од здруженијата на хронично болни ја оценија како иронична, сепак сметаат дека не е време за револт и гнев, туку да не отстапат од намерата да издејствуваат да бидат ослободени од работа.
– Нема апсолутно никаква логика пратениците во Собрание да бидат ослободени од одење на работа, односно да функционираат онлајн, а ние – меѓу кои има и такви кои никако не смеат да носат маски повеќе од еден час- да си тераме на работа како да е регуларно живеењето?! Па дали нашите животи се помалку вредни од тие на пратениците?! – прашува хронично болен пациент во елкетронската пошта на „Скопско ехо“.
Според последната одлука, хроничните болни можат со специјалистички извештај да бидат ослободени од работа, но проблемот е што тој тешко се добива. Секојдневно пациенти со хронични болести тврдат дека не можат да закажат специјалистички преглед и по 6 месеци, а камо ли да добијат изјештај за ослободување и да бидат ослободени.