Данела Арсовска ја дочека Новата година во друштво на скопските пожарникари

Скопската градоначалничка Данела Арсовска Новата година ја дочека заедно со Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

– Драги и почитувани пријатели, Вам и на Вашите најмили Ви посакувам година исполнета со среќа, здравје и успеси! Новата 2023 година ја дочекавме заедно со Бригадата за противпожарна заштита Скопје и нашите пожарникари кои 365 дена во годината се грижат за сигурноста и безбедноста на сите нас. Нека ни е Среќна Нова 2023 година!!!, напиша Арсовска на Фејсбук.