Даночна реформа: Ќе има ли казни за граѓаните кои немаат штедни влогови?

Македонската влада пак реши да е реформска. Овој пат ќе го подобрувала даночниот систем.

Но, дали е вистинска реформа на даночниот систем ако дополнително се оптоваруваат граѓаните и одредени бизниси за да се собере повеќе пари во буџетот? Владата меѓу другото, предвидува да се плаќаат придонеси за договорите на дело, да се оданочат каматите на штедните влогови на граѓаните и бизнисите, да се воведе некаков си „зелен данок“, да…

Со ова министрите очекуваат годишно да соберат дополнители 54 милиони евра годишно. Не можеше овие средства да се заштедат од постојниот буџет и да не мора дополнително да се „товараат“ граѓаните и стопанството? Не можеа ли да ги соберат како што треба веќе воведените даноци? Па јавна тајна е дека во Македонија има „даночни оази“ каде уште не слушнале за фискализација и плаќање давачки на државата. Што се прави за оваа појава да исчезне?

На овие и многу слични прашања треба да одговори Владата на СДСМ и ДУИ, па потоа да спроведува реформи.

Ако ова се игнорира и пред се се гледа како да се дојде до посакуваните нови 54 милиони евра во буџетот, тогаш има уште две прашања:

  1. Ќе се оданочува ли митото и провизиите од разните тендери, зделки…?

2. Ќе има ли казни за оние граѓани кои немаат штедни влогови?

Така сигурно ќе се наполни буџетот.

Претходна вестВласта во Македонија се откажа, ама ОН не се откажува и бара Бугарија да го признае македонското малцинство
Следна вестВо Македонија нема потврден случај со мајмунски сипаници, има сомнителен кој ќе се тестира