Данокот се намалува, може ли да си купиш поново возило?

Донесена еколошката уредба за данокот за моторни возила. Имено, Владата вчера ја донесе Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот, врз основа на критериумите утврдени во Законот за данок на моторни возила.

Возилата ќе се даночат според еколошката категорија. Од први јануари, за возила до 10.000 евра вредност, износот на данок ќе се пресметува само според тоа колкава емисијата на јаглерод диоксид има.

Владата, со оваа уредба, очекува големи придобивки за целото општество преку намалување на загадувањето на амбиентниот воздух, преку обнова на возниот парк со поттикнување на купување на поеколошки возила како резултат на намалување на данок на возила со голема економичност на гориво, како и набавка на хибридни и електрични возила со ниска или нулта емисија на јаглерод диоксид.

Мерката е добра. Но останува прашањето – дали просечен македонски граѓанин може да си приушти набавка дури и на поново возило, а не пак на хибридно или електрично возило, независно дали е намалени данокот?