Даштевски: Поради спорото гласање гужвата е зголемена, излезноста до 13 часот е над 20 проценти

На повеќе избирачки места се прави гужва, поради тоа што во просториите се пушта по еден човек. Сега им препорачавме да пуштаат онолку луѓе колку што има гласачки кутии, рече претседателот на ДИК Александар Даштевски, на редовната прес конференција.

Даштевски ги потври информациите дека на 11 места имало прекини на гласањето, и укажа дека таму ќе биде продолжено гласањто колку што траеле прекините. Како што рече на 6 избирачки места се гласа на стариот начин, затоа што не можело да се смени апаратот со теренско возило, а мал бил и бројот на гласачи на тие места.

ДИК веќе ги имаат податоците за излесноста до на гласачите до 13 часот, која е 20,76 отсто, или гласале вкупно 237.476 запишани граѓани во Избирачкиот список. Податоците на ДИК се од 2519 гласачки места односно 72,39 отсто. Најголема излезност имало во општина Новаци – 43 проценти, а потоа следуваат Кратово со 37,47 проценти и Крушево со 37,35 проценти.