Де бе комшии, шо правите?

На Скопје не му е судено да биде чисто. Комуналците како – така подзачистуваат по нешто на улиците. Во борбата со ѓубрето се вклучуваат и многу волонтери кои сакаат својот град да го гледаат почист. Ама… ако наутро се исчисти, веќе на пладне е полно со ѓубре, а навечер е права депонија.

Зошто е така, ќе ви прераскажеме една случка а наш читател: „околу нашата здрада зедов со децата да чистам за да ја направиме околината почиста, а и на децата да им покажам како треба да се однесуваат. И бевме исмевани од комшиите, Некои и ни коментираа дека тоа не била наша работа, а некои си шепотеа меѓу себе најверојатно сметајќи не за луди. Никој не ни се приклучи“.

Треба ли нешто да се додаде или дообјасни?