Дел од автобусите денеска сообраќаат по неделен возен ред

Поради муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам, линиите 11, 11А, 47А, 55, 55Б, 56, 56А и 160 денеска сообраќаат по неделен воен ред.

Од ЈСП информираат дека во понеделник (3.08.2020 год), поради државниот празник Илинден (Ден на Републиката), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 7 до 13 часот.

Претходна вест„Младински музички маратон 2020“ вечерва на „Скопско лето“
Следна вестАхмети: Честит Курбан Бајрам, почитувајте ги мерките