Дел од Карпош и резиденцијата на американската амбасада денеска без вода

25

Без вода денеска од 9 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Ацо Караманов“ како и објектот на Американската резиденција во општина Центар.

Без вода денеска од 9 часот ќе останат и корисниците од улицата Девол во општина Карпош.

Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје соопштија дека прекинот со водоснабдување е поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата „Ацо Караманов“ бр. 10, и ќе трае се до отстранување на дефектот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестГолема трагедија во Бих: Најмалку седум лица загинаа во пожар во дом за пензионери
Следна вестБиткоинот падна под 100.000 долари