Дел од матурантите ја бојкотираат наставата

Матурантите кои се организирани во Сојузот на средношколците го бојкотираат почетокот на второто полугодие. Тие бараат да полагаат два наместо четири предмети од државната матура.

-Донесовме одлука да се почне со бојкотирање на наставата во четврта година од четврток, 21 јануари, сè додека нашите барања за државната матура не бидат исполнети, соопшти Сојузот на средношколците.

Од таму појаснуваат дека одлуката за бојкот доаѓа откако образовните институции, односно Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар (ДИЦ) не биле подготвени да соработуваат за нивните барања да бидат прифатени и тие успешно да се спроведат.

Матурантите бараат и МОН и Државниот испитен центар (ДИЦ) во март годинава да објават и презентираат план и програма за тоа како ќе изгледаат скратените наставни програми и другите материјали за испитите.

Сојузот на средношколците најави дека бојкотот ќе трае една недела, а потоа дополнително ќе одлучат дали ќе продолжат да протестираат.

Претходна вестСинот изгорел во пожарот, мајката е тешко повредена
Следна вестСрбија ќе ни помага и во регистрацијата на вакцината, а што правеле македонските органи?