Десетина родители на загинати во пожарот во Пулс се одзваа на поканата на обвинителството за да добијат повеќе информации за истрагата за трагедијата во која загинаа нивните најблиски. На пладне влегоа на средба со држаниот обвинител и обвинителите што работат на истрагата за Кочани.
Излегоа после час и половина, но река дека не можат да дадат изјави. За средбата се огласија од обивнителството.
Останатите родителите кои дојдоа на „Маршот на ангелите“ во Скопје не отидоа на средбата, а гневот, дилемите и незадоволството го искаскажаа од пред зградата на обвинителството.
Попладнево роднини на жртвите се на средба и со министерот за внатрешни работи. Од МВР на прашањата на Телма одговорија дека до сега немало пријави за закани насочени кон семејствата на настраданите во пожарот во Кочани, но и дека ОВР Кочани не постапува во насока и содејство со обвинителството за кривични пријави кон родители на настраданите малолетници.
Обвинителството денеска ги повика и сите граѓани кои што имаат лични сведоштва за несреќата, информации и докази во однос на работата на клубот „Пулс“ фирмите поврзани со неа но и сознанија за работата на институциите да ги споделат со истрагата. Информираат дека деновиве ги очекуваат и прелиминарните резултати за дел од вештачењата.
Штипска Апелција одлучи и за дел од жалбите на притворите. Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши останува во притвор, а екс градоначалниците на Кочани, Николчо Илијев и Ратко Димитровски во куќен притвор, откако Апелациониот суд во Штип ги одби нивните жалби како неосновани.
Во притвор останува и поранешната државна секретарка во Министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ.
Судот постапуваше по 8 жалби од кои само една прифатена каде мерката од куќен притвор се приначува со мерки на претпазливост за еден од осомничените, инспектор во Државниот пазарен инспекторат од Виница.