Делови од Центар и Бутел утре без струја

Поради закажани технички зафати во мрежата, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар и Бутел.

Како што информираат од РЦУК Скопје, утре без струја од 8:00 до 13:00 часот ќе бидат дел од улицата „Партениј Зографски“ од бр. 65 до бр. 77 (до крајот на уличката) и дел од ул. „Тодор Александров“ во општина Центар.

Без струја утре од 8:30 до 14:00 часот че останат и дел од ул. „Скоевска“ во Радишани од бр. 18 А до бр. 30 А во општина Бутел.

Претходна вестСофијанова ги вратила сите исплатени средства на Детската клиника
Следна вест Левица: СДСМ ја враќа праксата на законско корумпирање на медиумите