Делта сојот од Индија се проширил во 132 земји во светот

Светската здравствена организација денеска објави дека уште осум земји пријавиле присуство на делта сојот на коронавирусот, со што тој сега е регистриран во 132 држави.

СЗО изрази загриженост поради континуираното ширење на сите четири варијанти на Ковид-19.

Алфа сојот е откриен во Велика Британија во септември 2020 година и во јули беше распространет во 182 земји.

Бета варијантата беше идентификувана во Јужна Африка минатиот август и сега е присутна во 131 земја, додека гама мутацијата се појави во Бразил и за една недела се прошири од 78 на 81 држава.

Случаите на зараза со коронавирус во светот минатата недела се зголемија за осум проценти, а смртноста од Ковид-19 се зголеми за 21 отсто, соопшти СЗО. Новопотврдените случаи се над 3,8 милиони, а смртните случаи од Ковид-19 се повеќе од 69.000.

Заклучно со 25 јули, во светот се регистрирани вкупно 193.657.729 случаи на инфекција со Ковид-19 и 4.154.660 починати пациенти.

Претходна вестДочек за сребрениот олимпиец Георгиевски утревечер на плоштадот во Скопје
Следна вестПраг од 2% за кандидатура на независните: Прави ли власта сметка без крчмар?