Демократски сојуз бара Пендаровски да не го потпишува законот за дивоградбите

Претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпишува законот за легализација на дивоградбите со што ќе се спречи беззаконието во државата, побара денеска партијата Демократски сојуз. Во партиското соопштение оваа партија која е дел од владеачката коалиција потенцира дека не смее да се дозволи да се привилегираат оние кои ги кршат законите и се директно одговорни за градежниот хаос.

Има објекти изградени во заштитени зони, што е спротивно на деталните урбанистички планови и објекти кои ја попречуваат реализацијата  на урбанистичките планови. Ставањето во нерамноправна положба на граѓаните е спротивно на принципот на владеење на правото и еднаквост на граѓаните пред законите, се потенцира во соопштението.

Според ДС, не смее да се дозволи ваков лош пример за останати граѓани.

-Имаме разбирање за социјалните аспекти, но никако не сме за градежен хаос и легализација на хациенди, деловни објекти, куќи со базени итн, велат од ДС.

Претходна вестЗошто ќе ни се градежни инспектори и ДУП-ови кога сите дивоградби стануваат питоми?
Следна вестПолицијата ги таргетирала моторџиите, 305 биле санкционирани