Демократскиот сојуз бара ревизија за тоа како се трошат државните пари од БЕХТЕЛ И ЕНКА

Демократскиот сојуз бара Државниот завод за ревизија да направи ревизија на досегашните активности и трошењето на милионски суми (над 20 милиони евра) на државните институции во врска со подготовките за изградба на коридорите 8 и 10-д, од Конзорциумот БЕХТЕЛ И ЕНКА, во вредност од 1 милијарда и 300 милиони евра. Од оваа партија бараат и распара во Парламентот за коридорите 8 и 10-д.

– Во јавноста се презентирани многу контроверзни и коруптивни информации во врска со консултанти, надзор итн., кои отворија многу прашања, посебно дека се работи за тежок криминал, со што се загрозува целокупниот проект и може да се случи да останеме и без милионски суми евра и без патишта, со големи обврски кон фирмите кои треба да ги градат патиштата.

Воедно, предлагаме Владата да достави информација до Парламентот за досегашните активности, а Парламентот да отвори расправа, се вели во соопштението на партијата.

Според партијата на испит се и државните институции (МВР, АНБ, УЈП итн), како и Јавното обвинителство, бидејќи имаат законски надлежности и обврски да ги проверат и истражат можните криминални активности на високи функционери инволвирани во овие сомнителни активности.

Претходна вестСелекторот на ФФМ: Немаме голем избор на играчи, но ќе дадеме се од себе на квалификациите за Евро 2024
Следна вестМакедонија – една изборна единица, пак доби нов датум од власта