Демолиран кафе барот чиј сопственик е истиот од дискотеката во Кочани

322

Голем број граѓани денеска излегоа на протестен марш низ Кочани на кој побараа одговорност за 59-те лица кои загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“. Маршот почна од паркот во Кочани од каде граѓаните извикувајќи „убијци“ и „секој еден може да е следен“ и дојдоа до општинската зграда.

Дел од присутните почнаа да ја каменуваат Општината, удираа по вратите и прозорците од објектот и го повикуваа градоначалникот Љупчо Папазов да излезе надвор. Потоа отидоа до кафулето „Класик“ сопственост на газдата на нелегалната дискотека „Пулс“ и го демолираа. Ја скршија застаклената пушачка тераса, столиците и масите и влегоа внатре во објектот“.

Градоначалникот вчера не излезе на местото на трагедијата, не се појави во јавност да изрази сочуство ниту беше во болница да ги посети повредените. Дури утрово на својот фејсбук профил напиша дека поднесува оставка и побара од институциите да ја испитаат одговорноста за пожарот во неговиот град.

Министерот Панче Тошковски денеска кажа дека во СВР Скопје и СВР Тетово се приведени 5, а во Штип 13 лица, меѓу нив и три лица од Државниот пазарен инспекторат, едно лице од Инспекторатот за труд, сопственикот на објектот, членови на обезбедувањето, сопственикот на агенцијата за обезбедување, продавачот на карти и други лица вработени во објектот -дискотека без дозвола за работа. Одреден е краткотраен притвор за 11 лица.

Претходна вестСопругата на Андреј: Лажат дека пиротехниката ја донел бендот, не штитете некој кој треба да е зад решетки
Следна вестГневните граѓани на Кочани го превртеа автомобилот на газдата на дискотеката на смртта