Демонстрации во Подгорица, се демолираат објекти кои ги управуваат турски државјани

12

„Турци надвор” и „Нема мигранти” извикуваа демонстрантите синоќа пред црногорската Влада во Подгорица, откако група странци во неделата избодеа со нож еден локален млад човек. По инцидентот уапсени се државјанин на Турција и на Азербејџан, по што Црна Гора одлучи да воведе визи за Турција.

Инаку, по инцидентот беше демолиран ресторан во сопственост на Турчин, запален автомобил во салон на турска компанија, а во Бар беа демолирани два бара во сопственост на Турци. Во Црна Гора, која има околу 623 илјади жители, околу 100 илјади странци имаат постојан престој, од кои околу 14 илјади се Турци.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестСиноќа нова драма во словенечко Ново Место, пукање во ромската населба
Следна вестУраганот Мелиса се движи кон Куба, претходно ја опустоши Јамајка, има и загинати