Ден на светите просветители: Да не заборавиме од каде тргна словото!

Македонија и светот го слави денот на македонските и сесловенските просветители, основоположниците на словенската писменост и култура, светите браќа Кирил и Методиј.
Историски, науката објаснува дека кога Словените дошле во Македонија и на Балканот, се соочиле со напредна култура и народ кој имал своја развиена писменост, во извесна смисла. Но овдешните гласовни творби не одговарале со грчките букви односно азбука, па Словените почнале одново, да создаваат свои гласовни експликации. Задачата за создавање на словенско писмо, од византискиот двор ја добил Кирил (Константин Филозоф), кој имал целосна поддршка и помош од неговиот брат Методиј.
Браќата се родени во Солун, пораснати со нивните родители Лав и Марија. Постариот е Методиј, роден е во 826 година. Заради тоа што бил исклучително талентиран и способен како ученик во специјални воени училишта, бил прогласен за војвода од византискиот двор. На само 20тина години веќе го управувал Словенското кнежевство во Македонија, кое се простирало во Струмичко – брегалничкиот регион, а примарната задача му била да го оддржува тамошниот народ на позиција на подготвеност за борба против бугарските напади.
Една година по него роден е Кирил, кое е неговото монашко име. Инаку Лав и Марија го крстиле Константин. За разлика од брата си, Кирил се школувал на Цариградскиот универзитет, а подоцна станал професор по филозофија. Уживал и огромна доверба од византискиот дворец.
Да не го забораваме нивното дело! Да го чуваме она што го оставиле светите браќа! Да не забораваме од каде тргна словото!
Денеска е и ден кога секој по име Кирил, Кире, Мето, Методиј, слави именден. За многу години!