Денес „Марш за ангелите“ од 18:05 часот во Кочани

34

Денес (сабота) повторно ќе се одржи „Маршот за ангелите“ во Кочани, со тоа што за разлика од претходните, овој протест ќе започне во 18:05 како симбол на задоцнетата реакција на институциите.

Рутата на протестот останува иста, започнува од Паркот на Револуцијата, преку ГТЦ, пред општината, преку полициската станица до зградата на Основиот суд и Основното јавно обвинителство – Кочани.

-Ве известуваме дека „Маршот за ангелите“ единствено е организиран од семејствата на починатите и повредените во пожарот во Кочани и ги замолуваме сите граѓани да го почитуваат ова и да не се приклучуваат доколку целосно не го прифаќаат и поддржуваат маршот и неговата реализација, стои во писменото известување испратено до медиумите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестПочнува уписот во средните училишта
Следна вестИсчезнатиот Владимир Бурев од Штип е пронајден жив и здрав