Денес напладне на Билазора со поетско читање ќе се одбележи Светскиот ден на поезијата

Денес со почеток во 12 часот напладне, ќе се одржи поетско читање на археолошкиот локалитет Билазора кај Свети Николе. Со оваа манифестација ќе се одбележи  Светскиот ден на поезијата, во организација на Друштвото на писателите на Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ, Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, Општината Свети Николе и Меѓународниот Славјански универзитет.

На манифестацијата “Билазорски видувања 2023” ќе настапат поети – членови на ДПМ и автори од Свети Николе и соседните градови. А, со свои поздравни обраќања ќе земат учество Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет – Скопје, Јордан Плевнеш, основач на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима – Скопје, Дејан Владев, градоначалник на Општина Свети Николе и Јордан Ѓорчев, основач и директор на Меѓународниот Славјански универзитет.

Во план е оваа манифестација во иднина да стане традиција, покрај која ќе биде распишан и Конкурс за најдобра песна од учениците во основните и средните училишта во Републиката на тема „Билазора“.

Претходна вестЕден загинат по излетувањето на македонско возило кај Врање
Следна вестУапсени тројца крадци од Битола, краделе во куќи и возила