Денес не очекува променливо облачно време, од понеделник дожд

Времето денеска претпладне ќе биде умерено до значително облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната од 11 до 18 степени.

Во Скопје, рано наутро ќе биде облачно, а веќе до пладне облачноста ќе се намали и попладне ќе биде сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во недела утрото ќе биде постудено, а преку денот ќе преовладува сончево време. Од понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Претходна вестСе нижат награди за „Стела“: Сребрена плакета на детски филмски фестивал во Индија
Следна вестДа се направат хидроцентралите Чебрен и Галиште, а не само да се спомeнуваат пред избори