Темен режим Режим на светлина

Денес отворање на објектот „Бамби“ на градинката „Фидани“

Во општина Чаир денеска ќе биде отворен новиот објект „Бамби“ на детската градинка „Фидани“.

Како што соопшти општина Чаир, објектот „Бамби“ е со најголем капацитет за грижа и рано детско образование во цела држава.

– Преку овој настан го потврдуваме институционалниот ангажман за подобрување на условите за рано образование и унапредување на јавните инвестиции во раното детство, се наведува во соопштението.

На отворањето, како што е најавено, ќе присуствуваат првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Препораки за заштита од високите температури, топлотен бран ја зафаќа земјава

Следна објава

24 години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак