Темен режим Режим на светлина

Денес во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница

Пет години повеќе за решавање на предметите за бесправно изградени објекти Пет години повеќе за решавање на предметите за бесправно изградени објекти

Во Собранието денеска ќе биде одбележан 11 јули – Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Како што информираат од собраниската прес-служба, настанот ќе го модерира пратеникот на „Левица“ Амар Мециновиќ, а ќе се обратат претседателот на Собранието Африм Гаши, претставничката на Координативното тело за одбележување на 30-годишницата од Сребреница, Селма Ризвановиќ Мандал, претставникот на Бошњачкиот Национален Сојуз, Џевад Хот и Муамер Џанановиќ, директор на Институтот за истражување на злочинот Сарајево.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши во понеделникот на брифинг со новинарите информира дека собраниски службеник, а не претставник на невладините организации ќе претседава со седницата. Тој е уверен дека со тоа, како што рече, нема да се повтори случајот од лани кога сеќавањето на жртвите беше злоупотребено за молитва во законодавниот дом.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Човечкиот фактор е причина за дел од пожарите, вели Стојанче Ангелов

Следна објава

Денес пред пратениците предлогот за интерпелација за претседателот на Уставниот суд, Костадиновски