Денес православните верници ја прославуваат зимската задушница која секогаш паѓа во сабота, една недела пред Прочка. Од понеделникот по Прочка започнува Велигденскиот пост, кој трае седум недели до Воскресението Христови – Велигден.
Според традицијата, во некои краишта на Македонија, на зимска задушница се раздаваат месени или сукани јадења.
Задушница секогаш паѓа во сабота, бидејќи Исус Христос тој ден, спроти воскреснувањето во недела, го поминал упокоен. Задушница е ден кога православните верници ги посетуваат гробовите на најблиските, даваат помен и палат свеќа. Сеќавајќи се на покојните предци, верниците на овој ден се молат на Бог за простување на гревовите и за предците.
Православната црква во текот на годината одбележува четири задушници, есенски, летни кои што се споени со Духови, спроти големиот велигденски пост и зимски.
На Задушница во црквата се служи парастос, а по службата се посетуваат гробовите на најблиските, каде што се пали свеќа и се чита молитва