Денеска гласале 10.653 лица, гласањето е без проблеми оцени ДИК

Без проблем помина гласањето на окалните избори 2021 за болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, затворениците, лицата во притвор. Денеска вкупно гласале 10.653 гласачи, информираше вечерва на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугуческа.

На гласачките места во КПУ има 1.899 лица со право на глас, а врз основа на податоците од општинските изборни комисии гласале 1.229.

Во однос на гласачкото право на лицата пријавени како болни или немоќни од пријавените 7.907, до овој момент според ОИК гласале  5.477.

Во однос на лицата пријавени за гласање поради решенија за самоизолација или се наоѓаа во домашен карантин поради ковид -19, од пријавените досега гласале 304 лица. Гласањето за овие категории на гласачи се уште трае и избирачките одбори ќе работат се додека сите кои се пријавени и се на списоците на ОИК не добијат можност да гласаат, велат ДИК.

Претходно денеска, беше соопштено дека доцнел почетокот на гласањето низ затворите во Македонија, поради технички проблеми – во затворот „Идризово“ немало паравани поради што почетокот на гласањето бил во 8:20 часот, во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка поради местење на избирачкиот материјал имало доцнење од 20 минути, во Штип избирачкиот одбор не дозволил затворениците да гласаат со затворенички легитимации, во кумановскиот затвор, околу триесетина затвореници кои сакале да гласаат, ги немало на избирачкиот список, што било случај и во битолскиот затвор.

Претходна вест14 починати во 24 часа и уште 7 од изминатиот месец – нови 395 заразени
Следна вестЧленови на избирачки одбори си одлучиле да не користат биометриските уреди