Денеска на саемот на книгата, запознајте ги творците на „Светот на Биби“

Попладне, во 17 часот обожувачите на „Светот на Биби“ ќе можат да ги запознаат Билјана Црвенковска и режисерот на проектот – Гоце Цветановски. Половина час подоцна ќе биде промовирана роденденската песничка на Биби, а во 18 часот децата ќе ја имаат ексклузивната можност да ја видат претпремиерата на сказната „Најнеобичен ден – на Биби роденден“.
Денеска ќе бидат доделени и наградите од конкурсот за цртежи „Роденден на Биби“.