Денеска не сообраќаат автобусите на „Слобода превоз“ со број 9, 12, 22, 23 и 45

Во прекин денеска ќе бидат и нема да сообраќаат приватните автобуси на превозникот „Слобода превоз“ на линиите 9, 12, 22, 23 и 45. Од приватниот превозник „Слобода превоз“ соопштија дека нема да сообраќаат поради оти немаат пари за нафта, затоа што ЈСП „Скопје“ односно Град Скопје не го исплатил долгот кон компанијата.

Сепак во функција остануваат линиите 11, 11а, 47, 55, 61, 63 и 73, кои како приградски линии делумно се финансираат и од општините кои не се во состав на Град Скопје.

Од „Слобода превоз“ најавија дека претставници на превозниците од сите линии во 9:00 часот ќе бидат пред Градското собрание каде што ќе побараат итен прием кај секретарот на Град Скопје кому ќе ги пренесат проблемите со кои се соочуваат, а кои се поврзани со големиот долг на ЈСП кон нив. Во зависност од исходот на таа средба ќе зависи дали автобусите на приватниот превозник ќе се вратат на улица.

Пред еден месец еден ден не возеа ни автобусите на ЈСП „Скопје“ зошто вработените немаа земено плата. Претходно преку протест своите ненаплатени средства ги побара и приватниот превозник „Макекспрес“ но Градот Скопје го раскина договорот со нив поради како што рекоја непочитување на договорот, лошата хигиена и застарениот возен парк. ЈСП тогаш најави дека овии линии ќе ги покрие јавното претпријатие.

Претходна вестДенеска е Св. Архангел Михаил, се слави војводата на сите ангели
Следна вестИма ли лек за утринскиот шпиц од Аеродром кон Центар?