Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска, петок, поради најавено одржување на мирен протест, со почеток во 10.00 часот полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим, при што сообраќајот по потреба ќе се пренасочува од крстосница на бул.„Гоце Делечев“ со бул.„ВМРО“ кон крстосница на бул„Илинден“ со бул.„Климент Охридски“.

Со почеток во 16.00 часот, пак, поради реализација на мирен марш, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот по потреба ќе се пренасочува по рутата по која ќе се одвива маршот, и тоа од крстосницата на бул.„Гоце Делечев“ со бул.„ВМРО“, право по ул.„Васил Главинов“, лево по ул.„Димитрие Чуповски“ и во продолжение до бул.„11 Октомври“, пред Собранието на РСМ.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат планираните активности со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Претходна вестСкопјанец агресивно се однесувал кон полицајци, имал и нож
Следна вестОбјавен конкурс: Ќе се пополнат ли 658 паралелки за средни стручни училишта во следната учебна година?