Денеска се празнува Спасовден, денот на вознесението на Исус Христос на небото

Православните христијански верници денеска го празнуваат празникот на Христовото вознесените – Спасовден кој секогаш се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Овој празник истовремено го означува и крајот на поствелигденскиот период во кој верниците се поздравуваа со христијанскиот поздрав „Христос воскресе“ и си отпоздравуваа со „Воистину воскресе“. Како сво именден го празнуваат верницит екои носат имиња: Спасе, Спасија, Спаска…

Според преданието, празникот Вознесение Христово се празнува во спомен на вознесувањето на Исус Христос на небото. Четириесеттиот ден по Воскресението Исус за последен пат им се јавил на своите ученици, ги собрал на едно место, во селото Витанија, биле единасетмината (бидејќи Јуда по предавството се обесил) и им соопштил дека сè уште не треба да одат од Ерусалим зашто наскоро врз нив ќе слезе Светиот Дух и ќе ги исполни со сила. Со таа сила вие ќе крштевате, како што свети Јован крштеваше со вода, им рекол тогаш Исус. Потоа се подигнал и облак го кренал на небото, а тој застанал до Богот Отец. На местото пак, каде што стоел останала длабнатина од неговите стапала.

Во спомен на овој настан Светата христијанска црква го востановила празникот Вознесение Христово или Вознесение Господово.

Претходна вест20 наставници издале лажни свидителства на четири ученици во Драчево
Следна вестТешко повреден 22-годишен моторџија при судир со автомобил во Скопје